Заштита на приватноста онлајн

Дознајте за начините на кои користењето на интернет може да влијае врз безбедноста и приватноста и што можете да направите за тоа.

Вашата приватност кога сте на интернет е важна, и постојат некои едноставни нешта што можете да ги направите за да се заштитите себеси. Можете да се заштитите од хакери, вируси и друг злонамерен софтвер, но исто така, да го ограничите количеството на насочени реклами што мора да ги гледате.

Google, Facebook, Amazon и други локации нудат бесплатни услуги во замена за запис со вашите дејства што го чуваат, вклучувајќи:

  • нешта што ги пребарувате на нивните локации
  • кои објави и слики ви „се допаѓаат“ на социјалните мрежи
  • производи што ги купувате или гледате.
Снимка од екран од играта Пасијанс

Пред да ги дадете вашите детали, проверете дали адресата на интернет-страницата е точна и дали локацијата е безбедна, така што ќе проверите дали на адресната лента (Address bar) има катанец или https://. Направете го тоа кога ви се бара да дадете:

  • име и презиме
  • датум на раѓање
  • број на кредитна картичка, датум на истекување и безбедносен код CV2.

Како да ги одобрите колачињата на веб-локација

Кога посетувате првпат некоја интернет-страница, можеби ќе ви биде побарано да Прифатите (Accept) или да Одобрите колачиња (Approve cookies).

Колаче е мало парче податоци што се зачувува во интернет-прегледувачот. Следниот пат кога ја посетувате таа интернет-страница, таа ќе го провери колачето (cookie) и ќе можете да видите дека локацијата е персонализирана за вас. На пример, може да покажува список со производите што сте ги погледнале неодамна. Колачињата не содржат лични податоци

Можете да ги блокирате колачињата кога локацијата ќе ви го побара тоа или да ги користите Поставките (Settings) на прегледувачот за да ги блокирате колачињата стандардно.

Како да користите инкогнито или приватен режим

Вашиот веб-прегледувач има специјален режим наречен инкогнито (incognito) или приватно прегледување (private browsing). Во овој режим:

  • прегледувачот не задржува запис каде одите на интернет
  • локацијата не ве препознава привремено
  • вашиот интернет-оператор (ISP) може да гледа каде одите на интернет
  • количеството насочени реклами што ги гледате додека користите интернет може да се намали.

Во Chrome

  • Кликнете на трите точки во десниот агол
  • Кликнете на Нов инкогнито прозорец (New Incognito Window).

Во Edge

  • Кликнете на трите точки во десниот агол
  • Кликнете на Нов приватен прозорец (New InPrivate Window).

Во Safari

  • Кликнете на Датотека (File) во лентата на мени во горниот десен агол
  • Кликнете на Нов приватен прозорец (New Private Window) од опциите што се појавуваат.

Домашната Wi-Fi мрежа и мобилните податоци се најбезбедни

Кога се поврзувате на вашата домашна Wi-Fi мрежа, лозинката помага вашата врска да биде безбедна. Кога сте надвор, некои Wi-Fi мрежи немаат лозинка или имаат привремена лозинка. Тие мрежи се помалку безбедни.

Но, мобилните податоци се сепак безбедни, дури и кога се наоѓате надвор, бидејќи мобилната врска е само ваша.

Локација на интернет споредена со вашата физичка локација

Кога посетувате некоја интернет-страница, вашиот уред ќе кажува неколку основни нешта за вашата физичка локација. Ова вклучува:

  • земјата од која пристапувате на интернет
  • најблискиот град.

Некои интернет-страници може да ги употребат овие информации за да ја блокираат вашата посета или за да ви покажат алтернативна верзија на локацијата. Ова се нарекува геоблокирање (geoblocking).

Што е ВПН (VPN)?

За да ви помогне прегледувањето на интернет да се врши на поприватен начин и со помалку насочени реклами, можете да користите услуга наречена Виртуелна приватна мрежа (Virtual Private Network- или ВПН (VPN).

Кога користите интернет, праќате и примате податоци на/од вашиот уред (телефон, таблет или компјутер). ВПН ги праќа и прима вашите податоци преку нешто што е наречено тунел и не е видливо за останатите корисници на интернетот.

За да користите ВПН, треба да создадете сметка и силна лозинка и потоа да се претплатите на услугата. Некои ВПН се бесплатни, но повеќето наплаќаат месечна претплата.

Се најавувате на апликацијата ВПН на вашиот уред. Апликацијата се врши во заднина за да обезбеди дека сите вашите податоци на интернет се праќаат и примаат преку ВПН.

Платената претплата за ВПН ви овозможува да ја користите истата услуга на сите уреди.

Главната задача на ВПН е да им отежне на компаниите и на другите да:

  • го следат вашето користење на интернет
  • следат кои страници ги посетувате
  • гледаат што купувате
  • ја знаат вашата географска локација (како што е земјата).

Придобивки од користењето ВПН

ВПН може да им предизвика голема тешкотија на огласувачите да ве следат и да ви праќаат насочени реклами.

Кога патувате во странство, вашата ВПН може да ви помогне да гледате локални интернет-страници во Австралија што можеби се геоблокирани.

Користењето ВПН во Австралија е законско. Во други земји секогаш треба да ги почитувате локалните закони кога станува збор за користењето на интернет.

ВПН може да го направи безбедно користењето јавна Wi-Fi мрежа, но сепак е најдобро да избегнете да правите важни нешта, како што се банкарски трансакции, додека користите јавна Wi-Fi мрежа

Дури и кога ВПН ви кажува дека ве заштитува на јавна Wi-Fi мрежа, сепак е можно други лица да ги видат или украдат вашите лични податоци.

Мрежното заклучување (Network lock) е функција што ги запира сите податоци што одат до вашиот уред ако ВПН детектира проблем. Можете да ја рестартирате ВПН или да го користите уредот без неа.

Што може да прави една ВПН?

Некои изјави за ВПН се малку претерани или намерно страшни. Виртуелната приватна мрежа не може да:

  • го скрие целосно вашето користење на интернет од интернет-операторот или од владата
  • обезбеди 100% приватност или заштита
  • скенира или запира вируси или злонамерни софтвери како што прави противвирусниот софтвер.

Бесплатни ВПН и што нудат

Постојат два вида бесплатни ВПН:

  1. со бесплатно користење засекогаш, но со ограничени функции. Овие ВПН може исто така одвреме навреме да изменат или да повлечат функции, а некои може дури и да покажуваат реклами на вашиот уред.
  2. бесплатни за краток пробен период, но со целосни функции. Повеќето од овие ВПН вршат автоматска претплата на платена услуга после пробниот период (но можете да ја откажете).

Бесплатните ВПН треба да ги имаат следните функции:

  • да ги кријат податоците од прегледување од трети страни (не од вашиот интернет-оператор или од владата)
  • да ја кријат вашата локација
  • да ви овозможуваат пристап до интернет-страници што вообичаено се блокирани во вашата земја.

Платени ВПН и што нудат

Можете да очекувате да плаќате околу 12 долари месечно, намалени на 99 долари годишно (ако платите однапред). Кога избирате платена ВПН, секогаш вршете сопствено истражување и изберете ја услугата што ви одговара најмногу.

Пред да изберете, бидете сигурни дека вашиот интернет-оператор поддржува ВПН! Во Австралија можете да користите ВПН законски, но на некои интернет-оператори тоа не им се допаѓа. И запомнете, вашиот интернет-оператор може секогаш да гледа дали користите ВПН, па затоа, важно е да не правите нешто незаконско додека користите ВПН.

Платената ВПН треба да ги има следните функции:

  • сè што нуди една бесплатна ВПН
  • една апликација за сите уреди, вклучувајќи паметни телефони, таблети и компјутери
  • гаранција дека нема потреба да се најавувате (no logging guarantee) што значи дека ВПН никогаш нема да го евидентира вашето користење на интернет за да го продава на огласувачи
  • лесно поставување со апликација и активирање преку едноставен екран со копче вклучи/исклучи (on/off) или поврзи (connect).

Совети за заштита на вашата приватност онлајн

Најефикасното нешто за да бидете безбедни на интернет сте... вие! Ако го земате предвид следното, тоа ќе ви помогне да го користите интернетот безбедно.

Лозинките треба да бидат само ваши (Keep your passwords private) и секогаш треба да избирате силни, безбедни лозинки.

Софтверот и уредите треба да се ажурираат редовно (Keep your software and devices updated) за да помогнете да бидете заштитени од вируси и други закани.

Софтверот на оперативниот систем на компјутерот треба да се ажурира редовно (Keep your computer’s operating system software up to date) за да продолжите да бидете заштитени од вируси и да добивате нови функции.

Никогаш не кликнувајте на врска на интернет што нуди да го „забрзате вашиот систем“ или „да го исчисти и ажурира вашиот систем“. Тоа е непотребно, може да платите многу пари или да вклучува вируси.

Секогаш бидете внимателни кога споделувате лични податоци (Always be careful when sharing personal data), особено датумот на раѓање, броевите на кредитни картички и информациите од владата, како што се детали од Medicare.

Бидете внимателни кога давате дозволи на апликации (Be careful when granting permissions to apps) и имајте на ум дека можете да изберете да одбиете да дадете дозвола на апликација да пристапи до функции на уредот, како што се камерата или именикот.

Давајте ги вашите податоци само на доверливи интернет-страници (Only give information to a trusted website) што покажуваат https:// или катанец во адресната лента.

Одбегнувајте да кликнувате на е-пошта или на текстуални пораки (Avoid clicking links in emails and text messages) бидејќи преку нив може да преземете вируси на вашиот уред.